Втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање (која се одржа саботата 30-ти август) на езерото Козјак, овозможи одлични услови за над 40 наши пливачи во јуниорска и сениорска конкуренција да ги докажат своите квалитети. На овој празник на македонскиот пливачки спорт триумфираше Евгениј Поп Ацев, кој патеката од 10 км ја исплива за 2 часа и 5 минути и ја потврди својата форма пред претстојниот маратон Капри – Неапол.
Врвната организација на ЈПУЗПП „ЈАСЕН“ и Пливачката федерација на Македонија, под генерално покровителство на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија и Министерството за внатрешни работи, како и активно учество на многу државни и јавни институции, овозможија успешна реализација на маратонот, промоција на нашите спортисти, но и на потенцијалот на подрачјето на Јасен и езерото Козјак за развој на спортскиот и рекреативен туризам.
Следната трка од Македонскиот куп е на Дојранското Езеро на 13 септември.
Други резултати: Победник на патеката од 5 км беше Никола Василевски, а на 2,5 км која патека ја пливаа јуниорите прво место освои Давор Петровски. Од девојчињата на 2,5 км победи Бојана Стефановска, на 5 км Ева Барамачева, додека најдолгата патека прва ја исплива Елена Атанасова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








