Од овие фотографии може да се заклучи колку децата низ светот се решителни за школувањето, но за жал многу дечиња до своето училиште стигнуваат по макотрпни и опасни патишта.
Според УНЕСКО напредокот на поврзувањето на децата и училиштата бележи пад изминативе пет години. Областите кои немаат соодветни патишта до училиштата често се поплавени, што уште повеќе го отежнува процесот.
Опасните рути се една од најчестите причини поради кои децата се одлучуваат да престанат со школувањето.
Решението можеби изгледа лесно, да се изградат патишта и мостови, да се купат автобуси и да се ангажира возач…
Но, сепак, недостигот на финансиски средства и периодичните природни катастрофи во многу земји прават овие работи да бидат потешки за обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










