Џихад Џон, како што го нарекуваат британските медиуми, кој ги егзекутираше американските новинари, во видеото „Втора порака до Америка“ му се обраќа на американскиот претседател Барак Обама и тоа без никаква почит го обвинува за бројните гревови против Исламската држава, пренесува „Дејли Мејл“.
На камера тој ја покажа и следната жртва, британецот Дејвид Хаинес и и порача на британската влада дека доколку Велика Британија остане во сојузот на злото со Америка против Исламската држава, тогаш дека ќе го убие и него.
Што маскираниот џихадист изјави пред камера?
– Се вратив. Обама, се вратив и тоа поради вашата арогантна надворешна политика спрема Исламската држава, како и поради твојата упорност да продолжиш со бомбардирањето и покрај нашите сериозни предупредувања. Ти, Обама, не доби ништо со своите постапки освен уште еден мртов американски граѓанин.
Поради тоа, се додека твоите ракети продолжат да ги гаѓаат нашите луѓе, ние ќе продолжиме да ги обезглавуваме твоите граѓани.
Ја користам оваа прилика и да ги предупредам и владите кои се во сојуз со Америка да се повлечат и да ги остават нашите луѓе на мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


