Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на Босна и Херцеговина утрово по налог на Обвинителството на БиХ уапсиле 15 лица поврзани со вахабистичкото движење.
Акцијата со коден назив „Дамаск“ е спроведена во 17 градови во БиХ. Овие лица се осомничени за кривични дела финансирање на терористички активности, за јавно поттикнување на терористички активности, за врбување поради терористички активности, за организирање терористички групи.
Акцијата е насочена кон наоѓање докази кои укажуваат на поврзаност на уапсените со државјани на БиХ кои учествуваат во војните во Сирија и Ирак на страната на радикалните терористички групи и организации.
Според измените во Кривичниот законик во БиХ, на државјаните на Босна и Херцеговина им е забрането учество во странски воени или паравоени формации.
Федералната телевизија јавила дека е уапсен и Билал Босниќ, неформален лидер на вахабиската заедницаво Босанска Краина, познат по видео снимките на интернет во кои зборува против Соединетите Американски Држави и западните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.