Референдумот во Швајцарција беше успешен. Мнозинството граѓани гласаа за укинување на бонусите на своите водечки бизнисмени. Според првите официјални резултати, во Женева 67,7 отсто ја поддржале иницијативата, а сличен бил процентот и во кантоните Вод и Фрибург.
„Народот одлучи да испрати силен сигнал до управите на фирмите, до швајцарската Влада и до Парламентот“, рече иницијаторот на референдумот, сенаторот Томас Миндер, кој додаде дека не е изненаден од досегашните резултати.
Референдумот се однесува само на швајцарските компании од списокот на швајцарските или странските берзи.Според иницијативата, мандатот на членовите на извршните одбори на фирмите ќе биде ограничен на една година, и ќе бидат укинати извесни надоместоци, меѓу кои се и отпремнини кои ги добиваат извршните директори кога ќе ја напуштат компанијата.Освен тоа, предвидено е укинување на бонуси за преземање или кога компанијата ќе продаде дел од својот бизнис.
Својата кампања против „алчноста на банкарите и менаџерите“ Миндер ја започна пред пет години, по избувнувањето на глобалната финансиска криза и колапсот на повеќе големи банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.