| четврток, 6 декември 2018 |

Намалете го целулитот со домашен пилинг

g
Најдобрата и една од најделотворните формули за намалување на целулитот е комбинацијата од здрава исхрана, вежбање, пиење доволно вода, негување со соодветни козметички препарати, како и користење на овој пилинг:
Потребни состојки:

½ филџан кафе

2 лажички кафеав шеќер

2-3 лажички маслиново масло

Постапка:

Помешајте ги сите состојки и ставете ги во пластичен или стаклен сад со капак. После туширањето добро истријте ги критичните места со оваа смеса и измијте се со млака вода. Избришете се со памучна крпа и нанесете антицелулитен крем.

За најдобри резултати правете го секој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top