| четврток, 6 декември 2018 |

Колку време е потребно да преболите некого по раскинувањето

break3
Штотуку прекинавте со некого по пет години врска? Сосема ќе закрепнете дури на крајот од јануари идната година, покажува новото истражување на британската компанија Capital One. Според ова истражување, во просек луѓето го преболуваат поранешниот партнер така што за секоја година помината заедно им треба еден месец самотија, пишува „Дејли мејл“.
Сепак, тоа зависи од неколку фактори, а во случај на голема љубов и на носталгичен тип на личност, за преболување е потребно и подолго, а дури 1 од 12 луѓе велат дека никогаш не го преболеле големото љубовно разочарување.

Освен тоа, студијата покажува дека на жените во просек им треба 20% подолго време за да се чувствуваат добро по раскинувањето, иако почесто тие се оние што го прекинуваат односот – во 58% од случаите.

Стравот од повторно разочарување кај некои е толку силен што околу 6% од нив велат дека никогаш нема повторно да стапат во врска, а по прекинувањето најинтензивно чувство кај мажите и кај жените е несигурност.

Мажите некако се повеќе насочени кон позитивни работи, па 10% од нив велат дека и во најлошите ситуации се потпираат на она што е добро, а тоа го прават само 5% од жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top