| четврток, 6 декември 2018 |

Компромиси што морате да ги направите во врската

Доколку немате компромис во врската, веројатно немате квалитетна врска. Понекогаш е потребно да попуштите или барем да се најдете на пола пат.

Колку често имате секс

Независно од тоа дали сте вие таа што сака почесто или тој едноставно е опседнат со секс, морате да пронајдете златна средина што ви одговара. Инаку ќе имате врска во која некој секогаш ќе страда.

Колку често ги посетувате роднините 

Понекогаш за вас е можеби сосема ок, но ако имате момче кое секој викенд сака да ја посети баба си, имате проблем. Важно е да имате време и за себе, но и да одржувате врски со роднините – на вас е само да се договорите колку често е премногу често.

Како ги трошите парите 

Една од најчестите караници во врската е токму онаа околу парите – на што се трошат и како, а ако не се договорите околу овој проблем, многу тешко ќе издржите без тензии и несогласувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top