| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Боговиње за одмазда го „напикал“ цело училиште во една училница

јеловјанеЖителите на село Јеловјане најавија протест за утре во 13 часот против одлуката на градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи поради неговата одлука да ги спои паралелките во тамошното основно училиште „11 Октомври“. Жителите се револтирани од одлуката за спојување на училишните паралелки од прво и трето, второ и четвро, потоа петто и седмо, како и шесто и осмо одделение, кои според намерите на тамошниот градоначелник треба да имаат настава во исто време и во иста училница. Освен заедничкото одржување на наставата во иста училница на различни одделенија , Идризи инсистира наставата да се одржува само во прва смена, што родителите оценуваат дека ќе влијае врз квалитетот на учењето на децата.

Жителите на село Јеловјане во одлуката на Идризи за спојување на паралелките гледаат одмазда бидејки на последните избори тие својата подршка ја дале на кандидатите на ВМРО ДПМНЕ, наместо, како што во изминатите изборни циклуси во оваа општина традиционално власта ја добиваше ДУИ.

Тој пред изборите јавно им се заканил на жителите на Јеловјане дека доколку на последните избори ВМРО ДПМНЕ добијат само еден глас повеќе во оваа општина, тој ќе го затвори училиштето „11 Октомври“, а децата ќе мораат да одат на училиште во соседното село Урвич, оддалечено повеќе од два километри од нивните куќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top