| четврток, 6 декември 2018 |

Гол низ градскиот центар во знак на протест (ФОТО)

Триесет и деветгодишен Хрват се прошетал гол по улиците на Пула во знак на протест против заработената казна за работа на црно.

siladji_02092014_glasistre

Имено, тамошниот суд пред само два дена го казнил Михаил Силаџ за работа на црно во висина од 2.000 куни (260 евра). Во знак на протест токму пред прекршочниот суд, Силаџ прво викал и го нарушувал јавниот ред и мир, а потоа и се соблекол целосно, па гол шетал низ пулските улици, сè додека не бил приведен.

Силаџ, кој се правдал дека на црно работел за да ги прехрани сопругата и двете деца, заработил дополнителна пријава за овој испад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top