| четврток, 6 декември 2018 |

Како се збогатиле Европејците?

„The Independent“ објави интересна интерактивна мапа на најбогатите Европејци во секоја држава на континентот.

Европејците својот имот го стекнале главно од својот бизнис, наследувајќи го по семејна врска, како и наследувајќи го по смртта на брачниот партнер.

Освен имињата на богатите лица, мапата го покажува и потеклото на нашите омилени производи.

На пример, Италијанецот Микеле Фереро се збогатил благодарение на кремот Нутела.

Најбогат на мапата е шпанецот Амансио Ортега, сопственик на „Zara“, со околу 62 милијарди долари, што всушност го прави и еден од најбогатите луѓе во светот. Овој „скромен милијардер“, како што е често нарекуван, започнал од нула за да се искачи на третото место на најновата листа на Форбс за најбогатите лица во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top