| четврток, 6 декември 2018 |

Чичарито се пресели кај „кралевите“

Мексиканецот Хавиер Ернандез до крајот на сезоната ќе настапува во Реал Мадрид како позајмен фудбалер.

Популарниот Чичарито ги мина лекарските прегледи во болницата „Сантас Ла Моралеха“ и го задолжи дресот со бројот 14.

– Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнаа договор за Ернандез кој доаѓа на едногодишна позајмица. Реал Мадрид има можност за откуп на неговиот договор во јуни следната година, се наведува во соопштението на „кралскиот“ клуб.

Чичарито во Јунајтед пристигна во 2010-та година и одигра 110 мечеви на кои постигна 53 голови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top