| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на транзитната карта на курдските илегални имигранти

karta kurdi balkanДржавјани на Турција организираат илегално префрлање имигранти преку територијата на Македонија и на Црна Гора, пред сè, Курди, пишува подгоричкиот весник „Вијести“ повикувајќи се на полициски документи. Tранспортот на илегалните имигранти чини од 3.500 до 4.000 евра по човек.
Според полицијата, постојат три насоки за транзит на Курдите преку територијата на Црна Гора. Првата е со авион од Истанбул до Подгорица, а потоа со возила од Црна Гора кон Босна и Херцеговина и Хрватска, а крајна дестинација е Италија.
Втората е со авион од Истанбул до Тирана или со автобус Истанбул-Македонија-Албанија, а потоа со автомобили или такси кон Црна Гора, преку Улцињ, во насока на Хрватска, Словенија и Италија.
И третата рута е од Албанија преку Црна Гора кон Србија, а потоа кон Австрија преку Белград или Суботица.
Во полициските документи се посочува дека Македонија и Црна Гора се користат како транзитна територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top