| четврток, 6 декември 2018 |

Меморандум со Естонија за труд и социјална политика

диме спасов естонијаМинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министрите за социјална заштита и за здравство и труд на Естонија Хелмен Кит и Урмас Крусе потпишаа Меморандум за соработка во областите на трудот, вработувањето и социјалната политика. Со него, соработката во наредните три години ќе се одвива пред сè во областа на вработувањето, развивање и имплементација на политики за вработување, социјалната заштита, односно развивање и имплементација на политики и  мерки за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост на лицата кои се доведени во каков било вид на социјален ризик. Ќе се соработува и во областа на заштитата на правата на децата, со посебен акцент на згрижување на децата со посебни потреби, системот на социјална сигурност, заштита при работа, еднакви можности на жените и мажите, како и активностите поврзани со започнувањето на водење преговори за членство во ЕУ.

– Со меморандумот кој денеска го потпишуваме верувам дека започнуваме долгогодишна соработка. Овој меморандум е почеток на воспоставување силни врски и плодна соработка меѓу ресорните министерства и успешна реализација  на проекти и иницијативи во наредниот период- рече министерот Спасов по потпишувањето на Меморандумот.

Притоа тој им заблагодари на колегите Кит и Крусе за заложбите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави и за споделување на искуствата од областите на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов од вчера е во работна посета на Талин, Естонија. Во рамките на посетата министерот Спасов ги посети Министерството за социјални прашања, Одборот за социјално осигурување, Центарот за професионална рехабилитација на Астангу, како и на Фондот за осигурување на невработени. На средбите се дискутираше за осигурувањето на невработените лица во Естонија и услугите за вработување. Акцент беше ставен и на реформите и услугите за вработување на лица со посебни потреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top