| четврток, 6 декември 2018 |

Неџми „Ла кукарача“ денес изработува џакузи

Каде се...

Се сеќавате ли на квизот „Ла кукарача“ и забавната емисија „Ќе перам, ама не пеам“?! Тоа се дел од проектите со кои Ненад Прелиќ се појави на малите екрани. Го знаеме како Неџми, кој правеше пародија од емисијата на Драган Павловиќ Латас, „Профил“. Латас водеше „Профил“, Неџми водеше „Анфас“. Го гледавме и во неколку скечови на „К15“, а потоа се повлече од малите екрани.

nedzmi stara fotka

„Република“ побара каде е денес Неџми. Тој има своја фирма КБС ПУЛ Систем. Неговите пријатели велат дека тоа е кратеница од Квалитетно-Брзо-Скапо, а се занимава со правење и одржување базени, сауни, џакузи.. Седна и во советничка фотелја – во Општина Карпош. Живее во Бардовци, оженет е и има ќеркичка.  Тој е љубител на јахтингот, па редовно е дел од регатите на Пампур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top