| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Ако сакам за две недели би можел да го освојам Киев

vladimir-putin-foto-ap-1398269125-469831

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со шефот на ЕК во заминување, рече дека би можел да го освои Киев за две недели.

Италијанскиот весник Република објави дека Путин на Жозе Мануел Барозо му рекол: – Кога би сакал, би можел да го освојам Киев за две недели.

Рускиот претседател според Хафингтон пост, бил „исто така воинствено расположен“ кога неодамна новинар на Би-Би-Си го запрашал „дали жали заради убивањата во Украина“.

Путин на тоа одговорил дека ескалацијата на активностите на проруските сили предизвикана е со фактот дека „украинските трупи спроведуваат опсада врз цивилни региони и директно пукаат врз станбени квартови што за жал, многу држави не сакаат тоа да го регистрираат“. Путин, според весникот „воочливо налутено“ го прекинал својот преведувач во еден момент и продолжил да зборува на англиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top