Насловните страници на американските магазини „Пипл“ и „Хело“ ексклузивно ги претставија фотографиите од тајната венчавка и најозборуваните младоженци на светот, Анџелина Џоли и Бред Пит.
Со необична венчаница исшарана со цртежи од нивните шест деца, актерката носеше фустан на модната куќа „Версаче”, дизајнирана од мајстор-кројачот на брендот Луиџи Маси. Тој создал посебен вел за ѕвездата, покриен со шаренилата од Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен. Грбот на фустанот исто бил натрупан со цртежи.

– Луиџи е како дел од моето семејство. Не можев да замислам некој друг да го шие фустанот. Тој ги познава моите деца и за него беше многу забавно да се реализира идејата – откри Џоли во интервју за списанието “Пипл”.
Што се однесува до Пит, тој бил облечен со еден од костимите од сопствениот гардеробер, но позајмил една од вратоврските на своите синови, бидејќи ја заборавил својата.
– За нас беше важно овој ден да биде спокоен и исполнет со смеа. Беше посебен ден кој го споделивме со децата и многу среќен момент за нашето семејство – споделија Пит и Џоли пред изданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ на почетокот на кариерата
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!


