| четврток, 6 декември 2018 |

Нишикори е последниот четврт-финалист на ОП на САД

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори синоќа во мечот од осминафиналето го победи Милош Раонич со резултат 3-2 и со тоа стана последниот четврт-финалист на Отвореното првенство на САД.

Тој во следното коло ќе игра против Станислас Вавринка, кој беше поуспешен од Томи Робредо со 3:1.

Во другото четврт-финале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои во синоќешните мечеви постигнаа победи од 3:0. Ѓоковиќ го победи Филип Колшрајбер, Мареј беше подобар од Жо Вилфред Цонга.

Кај жените беа комплетирани осминафиналните дуели. Серена Вилијамс ја победи Каја Канепи со 2:0, а во четвртфиналето ќе игра против Флавија Пенета, која со истиот резултат беше подобра од Кејси Делакуа. Викторија Азаренка со пресврт стигна до триумф над Александра Круниќ и од 0:1 победи со 2:1 и во следната рунда ќе игра против Екатерина Макарова, која ја победи Јуџин Бушар со 2:0.

Вечерва на програмата се четири мечеви од машкото осминафинале и првите два четврт-финални дуела кај жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top