| четврток, 6 декември 2018 |

Американската армија нападна цели на екстремисти во Сомалија

Американската армија нападна цели на терористичката група Ал Шабаб.

– Американските сили извршија операција во Сомалија чија цел беше мрежата на Ал Шабаб. Во моменот ги анализираме резултатите од операцијата и во текот на денот ќе бидат соопштени детали, изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана контраадмирал Џон Кирби.

Според НБЦ повикувајќи се на армиски извор јави дека беспилотно летало уништило две возила во јужниот дел на Сомалија при што главна цел во нападот бил лидерот на Ал Шабаб, Ахмет Абди Годан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top