| четврток, 6 декември 2018 |

Булевар Бијонсе на Бермудските острови

Булевар на Бермудските острови доби име според популарната Бијонсе. Улицата ја преименувале нејзините жители откако ултра популарната R&B ѕвезда пеела на тоа место во рамките на еден фестивал. Настапот на Бијонсе бил во 2008 од кога жителите почнале така да си ја нарекуваат улицата, и иако официјално името не е сменето, сега поставиле и табла со името на пејачката.

Улицата живее како „Булеварот на Бијонсе“ – вистинското име веќе никој не го споменува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top