ЗАШТИТНИ КРЕМИ СО ВИСОК ФАКТОР
Бојата која сте ја добиле со постепено изложување на сонце ќе биде постабилна отколку брзото “печење” на најсилното сонце. Притоа не заборавајте редовно да нанесувате препарати за заштита со висок фактор на сите изложени делови на телото.
ХИДРАТАЦИЈА НА ТЕЛОТО
Бојата ќе ви биде попостојана доколку кожата после сончање ја одржувате влажна, мека и мазна. Овозможете си нежна негувателна купка на база на маслиново масло или кокос на секои неколку дена и задолжително нанесете од вашето омилено млеко или масло на телото.
СИЛНИ ХЕМИСКИ СРЕДСТВА ЗА ТУШИРАЊЕ
Избегнувајте употреба на силни сапуни во личната хигиена, па и бронзениот тен ќе ви трае подолго. Избегнувајте да го шокирате организмот со исклучително студена или топла вода – најпаметно би било при туширањето да употребувате млака вода.
ТРИЕЊЕ СО КРПА
Доколку сакате да го задржите темниот тен по летувањето, заборавете на фротирните крпи и силното триење на телото после туширањето или бањањето. Најпожелно би било да се исушите природно и на сонце. Дополнителен ефект ќе постигнете доколку на мокра кожа нанесете масло за нега на детската кожа и на тој начин да се препуштите на струењето на летниот воздух во вашиот дом.
УЖИВАЈТЕ ВО БОРОВАТА ЛАДОВИНА
Одржувате го својот бронзен тен на тој начин што ќе се ˮскриетеˮ во сенка. Да, добро прочитавте. Сончевите зраци ќе допрат до вас и под сенка, но нема да дозволат да изгорите и да ја добиете неубавата црвена боја. Не заборавајте на хидратацијата! Испијте барем осум чаши вода дневно, а секако ќе ви користи и зелениот чај, кој е препорачливо да го имате секогаш блиску до вас и да го пиете во мали голтки во текот на целиот ден.
ПОРТОКАЛОВА И ЗЕЛЕНА ХРАНА
Бронзениот тен си одговара со каротенидите. Овие пигменти на портокалова, црвена и зелена боја кои се наоѓаат во различни овошја и зеленчуци, се заслужни за потемнувањето на кожата, а ќе ви помогнат и да ја одржите постојана бојата. Во секојдневната исхрана затоа внесете ги многу корисните- патлиџан и пиперка. Направете здрав и вкусен сок од морков, диња и праски, а секако во вашата исхрана вклучете и многу спанаќ, зелка и зелена салата.
Извор: новалек
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.