Селекторот на фудбалската репрезентавија на Бразил Карлос Дунга го повика назад во тимот Робињо за пријателските натпревари против Колумбија и Еквадор.
Робињо во репрезентацијата ќе го замени Хулк, кој се повреди на натпреварот од руското првенство меѓу Зенит и Локомотив Москва.
Фудбалерот на Милан, кој е на позајмица во Сантош, последен пат за „кариоките“ играше во ноември минатата година против Чиле.
За репрезентацијата на Бразил одигра 92 натпревари и постигна 27 гола.
Покрај Робињо, Дунга за натпреварите против Колумбија и Еквадор го повика и левиот бек на Реал Мадрид Марсело, кој треба да го замени повредениот Сандро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


