Утрово околу 5 часот во областа на хрватскиот град Дрниш во Далмација падна град со големина на орев, кој направи голема штета на земјоделските култури.

Новиот циклон наречен Симеон во Хрватска донесе бројни проблеми.

Посилни грмотевици, а на крајбрежјето и пијавици беа најавени, но неочекувана била сликата во Дрниш каде наликувало како зима, пишуваат хрватските медиуми. Градот направи голема штета на земјоделските култури, а жителите со лопата го тргаа мразот од пред нивните домови и улиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


