Иако понеделник го започнавме со релативно топло утро и претежно ведро време, промената на оваа состојба ќе дојде релативно бргу. Во делови од земјата уште рано попладне ќе настапи наоблачување кое ќе донесе нови врнежи кои ќе се интензивираат и прошират рачиси низ целата земја доцна попладне и навечер, пишува специјализираниот сајт за метеорологија „Метеопро“.
Според сајтот, вторник ќе помине во облачно време речиси во текот на целиот ден. Интенитетот на врнежите во текот на денот ќе се менува, а на моменти истите ќе имаат и пороен карактер.
Претежно облачно и врнежливо време се очекува и во среда. Сепак во однос на вторник, врнежите ќе бидат малку поретки и послаби.
Во четврток се очекува умерена облачност со подолги сончеви периоди, но со повремен локален дожд, исто како и во петок кога се очекува наоблачување кое ќе донесе дожд на повеќе места низ земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


