Вистински спектакл беше виден синоќа во Баскија односно на „Сан Себастијан“ каде во дуелот на кралските клубови Реал му гостуваше на Сосиедад.
Откако веќе во 11. минута фудбалерите на Карло Анчелоти водеа со 2-0, а покрај тоа имаа и уште неколку одлични шанси, се чинеше дека домаќините ќе доживеат тежок пораз.
Меѓутоа, ситуацијата на теренот потполно се промени во вториот дел од првото полувреме кога Сосиедад преку Мартинез и Зурутузе успеаја да израмнат, а целосниот пресврт го направија од 65 до 75 минута. Зурутузе ги доведе домаќините во водство, а потоа точката на натпреварот ја стави Карлос Вела за конечен резултат 4-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


