| четврток, 6 декември 2018 |

20.000 првачиња седнаа во училишните клупи

Prvacinja skolo prv den ucenici (8)
За околу 280.000 основци и средношколци денеска почнa новата 2014/2015 година. Првпат во училишните клупи седнуваат и околу 20.000 првачиња.

Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска ќе го посетат основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров се со цел да ги промовираат новите учебници по предметите математика и природни науки за учениците од прво до трето одделение.

Учебниците се изработени врз основа на наставните програми на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, адаптирани на македонските национални особености.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top