| четврток, 6 декември 2018 |

Како во цртаните – со чадор скокна од авион

Ерик Рунер е вљубеник во екстремните спортови. Неодамна се одлучил да направи еден многу луд потег кој на крај се покажал како исклучително луда идеја.  Тој решил над пустина во јужна Калифорнија да го испроба она што досега веројатно сме го гледале во цртани филмови и во приказните за Мери Попинс -од авион да скокне со чадор во раце. Се работи за модифициран чадор, кој според теоријата, треба да го успори неговиот пад.

-Ќе видиме дали чадорот навистина го успорува падот како во случајот со Мери Попинс – вели тој во видеото објавено на Јутјуб.

Но по скокот му требаа само десетина секунди чадорот да се сврти, по што е принуден да користи падобран за да се спушти на земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top