Споредбено на 2012 и 2013, најголем процент на одобрени боледувања во однос на активни осигуреници има во Делчево, Велес и Свети Николе, додека најмал процент на одобрени боледувања и во 2012 и во 2013 година има во Скопје, Струга и Дебар.
Според податоците кои ги објави Здравство24.мк, процентот на одобрени боледувања во 2013 година е највисок во вториот квартал, а најнизок во третиот квартал, додека во 2012 година највисок е во првиот, а најнизок во третиот квартал.
Според податоците на ФЗОМ, и во двете години речиси се идентични дијагнозите за кои се издавани боледувањата.
Најчестите пет дијагнози кои најмногу фигурираат на извештаите се болести на локомоторен систем, повреди, малигни болести, претечки абортус (ризична бременост) и болести на циркулаторниот систем.
Разликата е во бројот на издадени боледувања за поединечните дијагнози од групата на болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо