| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирано скопско Арачиново заради вооружениот напад (галерија)

Припадници на Министерството за внатрешни работи во неделата попладне го блокираа скопското село Арачиново, поради вооружен напад во кој има неколку повредени лица.

aracinovo-1-
aracinovo-policija-5

Според Министерството, полициските екипи го блокирале главниот пат кој води кон селото, по анонимна дојава во неделата по 17 часот за пукање во кој наводно има убиени, но на теренот биле најдени три ранети лица кои се згрижени во Ургентниот центар Скопје.

aracinovo-policija-3

Неофицијално, како што пренесуваат повеќето медиуми, биле ранети жена и двајцата нејзини синови. Жената е повредена во горниот дел од десната нога, едниот син во главата, а вториот има прострелна рана во градниот кош.

aracinovo-policija-6

Засега не е позната причината за инцидентот, но според пријавата меѓу засега непознатиот напаѓач вооружен со автоматско оружје и ранетите претходела расправија во центарот на Арачиново.

aracinovo-

Фото: РЕПУБЛИКА (Ѓ.Личоски)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top