| четврток, 6 декември 2018 |

Милан против Лацио, Аталанта против Верона

milan

Првото дерби од новата сезона во серија А, и припадна на екипата на Рома која синоќа пред својата публика ја победи Фиорентина со 2:0. Во дуелот на второ и четврто пласираните екипи од минатата сезона, екипата на Рома до победата ја предводеа, Раџа Наинголан во 20-минута и Жервоњо во последната 90-минута.

И шампионот Јувентус со победа ја започна одбраната на титулата, совладувајќи го Киево на гостински терен минимално со 1:0 благодарение на автоголот на Кристијано Бираџи уште во шестата минута од средбата.

Денеска се играат преостанатите средби од 1. коло, а двојките се: Милан – Лацио, Аталанта – Верона (од 18 часот), Удинезе – Емполи, Торино – Интер, Сасуоло – Каљари, Палермо – Сампдорија, Џенова – Наполи и Чезена – Парма (од 20:45 часот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top