| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна петарда во пијалокот на Каролина Гочева

Каролина Гочева се извадила од памет додека седела на кафе со пријателите во Битола, објави „Мк њуз“. Од зградата која се наоѓала веднаш до кафулето, паднала петарда во нејзиното кафе и ја направило лом.

За да биде трагедијата поголема, пејачката била облечена во бело.

“Среќа е да седиш лабаво во Јагода и од горе од зградата некоја будала да фрли петарда која паѓа баш во твојата чаша.” Им се пожалила Каролина на Фејсбук пријателите и се пошегувала велејќи: “Кој ме колнел петарда во орбит да си најде…А на некој и на фармерки да му ја залепат или уште полошо на јакна :) ова последново за сеирот поради мојот претрпен страв :)”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top