Воени единици во Лесото ја обиколиле зградата на владата и полицијата, а слушале и истрели од пушки, додека дипломатите велат дека во тек е државен удар во тоа мало планинско кралство на југот на Африка.
“Воената полиција го обиколила седиштето на владата и има извештаи за огнени истрели”, изјавил неименуван дипломат од престолнината на Лесото, Масеру. Јужноафриканските радио станици, исто така, не емитуваат програма, пренесува Ројтерс.
Во Лесото постои тензија од јуни, кога премиерот Томас Табане го суспендирал парламентот за да избегне гласање за доверба, поради судирите во владата која управува со земјата две години. Заменикот премиер, Мотетојо Месинг, ветил дека ќе се формира нова коалиција која ќе го замени Табане.
Соседна Јужна Африка и регионалната Јужноафриканска заедница за развој ги предупредиле политичките ривали во таа земја дека нема да биде толерирана никаква неуставна промена на власта.
Од стекнувањето на независност во 1966. година, во Лесото биле извршени неколку државни удари. Најмалку 58 жители на Лесото и осум јужноафрикански војници погинале во 1998. година, а голем дел од Масеру бил оштетен за време на политичките судири кои следеле.
![]()
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србов: Факт е дека со конфликтот СДСМ сакаше да го скрие ударот врз државата
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Турција повторно побара од Грција екстрадиција на офицерите
-
Турско село дознало за обидот за преврат десет дена подоцна откако случајно минал овчар


