| четврток, 6 декември 2018 |

Панорамското тркало наскоро на нов мост во Скопје

skopjeСе подготвува теренот за изградба на Панорамското тркало, односно се оградува просторот и се оформува градилиште за изградба на мостот на реката Вардар помеѓу зградата на МЕПСО и Музејот на македонската борба.

– Просторот се оградува, а многу наскоро треба да започне и изградбата на објектот. Најпрвин ќе се гради пешачкиот мост на кој ќе биде поставено тркалото – изјави Мишо Николов, директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кое ќе стопанисува со панорамското тркало.

Панорамското тркало го гради скопски „Бетон“, чија понуда беше единствена на конкурсот што го распиша ЈСП и изнесува 18,2 милиони евра.

Овие пари ЈСП ќе ги обезбеди од сопствениот буџет и со донации од Владата, а изградбата ќе се финансира во повеќе буџетски години, до 2018 година.

Тркалото треба да биде готово до 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top