Ранец, боички, тетратки, колажи, моливи, острилки, блокчиња, пластелин, се само дел од она што родителите мораат да го купат за своето прваче во пресрет на новата учебна година, која започнува во понеделник. На ова треба да се додадат и трошоците за новата гардероба на детето, па семејствата со новиот ученик, за предучилишниот шопинг треба да издвојат поголем дел од домашниот буџет.
Според пресметката која ја направи „Охридњуз“ врз основа на просечните цените низ книжарниците и бутиците низ Охрид, за да се подготви едно прваче за првиот училишен ден потребни се околу 65 евра или 4.100 денари. Додека пак оние родители кои имаат подлабок џеб ќе можат да потрошат и повеќе од 200 евра.

Повеќе на „Охридњуз“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


