| четврток, 6 декември 2018 |

За родителите на првачињата според закон следува слободен ден

Учебната година ќе започне на 4 септември. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата.Родителите исто така се возбудени  им се насолзуваат очите и сеуште неможете да увидите дали се од радост и гордост, или од страв и загриженост. Во тој момент секој родител се прашува:”Дали ќе се навикне?”, ”Дали ќе му биде тешко без мене?”, ”Дали ќе успее лесно да се прилагоди?”

Но, дали сите родители ќе можат да ги испратат своите првачиња, деновиве е актуелна тема на социјалните мрежи.

-Работам во јавна администрација, оваа година мојот син ќе биде прваче.Според Законот секој вработен има право тој ден да биде ослободен од работните обврски.Посебно е важен моментот кога заедно со ваштот дете ќе се запознаете со неговата учителка и ќе го разгледате училиштето, вели Лили.М.

Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете.

Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека ова отсуство, согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top