| четврток, 6 декември 2018 |

Вработени во бензиска пумпа во Скопје спречиле обид за разбојништво

Со сериозни закана дека ќе прави проблеми доколку не му го дадат дневниот промет, С.В.(43) од Скопје се обидел да изврши разбојништво во бензиска пумпа на улицата „Козле“ во Скопје, но не успеал во намерата бидејќи двајца од вработените успеале да го совладаат и да го предадат на полициските органи, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил во четвртокот во раните утрински часови.

Од СВР Скопје соопштуваат дека поднесена е кривична пријава против разбојникот, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво во обид“.

Од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Разбојникот и’ бил познат на полицијата бидејќи и претходно биле прекршочно пријавуван за нарушување на јавниот ред и мир, а во 2011 година му била поднесена пријава за кривично дело „разбојништво“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top