| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува Светското првенство во кошарка во Шпанија

Светското првенство во кошарка од денеска до 14 септември ќе се одржува во Шпанија.

Натпреварите од првата фаза ќе се играат во четири градови (Гранада, Севиља, Билбао и Гран Канарија), додека елиминациските натпревари ќе се играат во Барселона и во Мадрид. Финалето е закажано за 14 септември во Мадрид.

Во првата фаза од натпреварите 24-те репрезентации се поделени во четири групи по шест селекции. Четирите првопласирани од секоја група ќе продолжат во нок – аут фазата (осминафинале).

Денеска на првиот ден на шампионатот се играат натпревари во сите групи, а двојките се: Египет – Србија, Франција – Бразил, Иран – Шпанија (А група); Хрватска – Филипини, Порторико – Аргентина, Грција – Сенегал (Б група), Украина – Доминиканска република, Нов Зеланд – Турција, САД – Финска (Ц група), Ангола – Јужна Кореа, Австралија – Словенија и Мексико – Литванија (Д група).

Титулата светски шампион ја брани селекцијата на САД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top