Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам доживеал сообраќајна несреќа откако паднал од својот мотор, после напуштањето на едно студио за тетовирање. Според пишувањето на американските медиуми, тој изгубил контрола врз моторот при претркување и паднал на земја, но поминал без повреди.
Тој потоа побарал помош од работниците во салонот за тетовирање да го поместат моторот, за да повика шлеп-служба. Ова не е прв пат Бекам да учествува во сообраќајна несреќа, тоа се случи и пред неколку месеци кога со својот џип удри во друг автомобил пред сопствената куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.