Претседателот на САД Барак Обама изјави на прес-конференција дека неговата администрација се уште нема разработен план за борба против “Исламска држава” (поранешна “Исламска држава во Ирак и Левант”) во Сирија. “Не сакам да ја ставам колата пред коњот. Сеуште немаме стратегија “, рече Обама. “Треба да имаме јасни планови, затоа ги развиваме. Тогаш јас ќе се консултирам со Конгресот и ќе гарантираме дека нивните гласови ќе бидат слушнати “, рече уште претседателот на САД.
Тој појасни дека во моментов специјалистите на военото министерство на чело со министерот Чак Хејг подготвуваат “голем број на опции” за воен удар врз позициите на исламистите. Во исто време, тој истакна дека ваквите активности треба да се дел од “големата стратегија”, која во моментот не е подготвена.
Обама исто така, објави дека наскоро државниот секретар на САД Џон Кери ќе го посети Блискиот Исток, за да ги увери локалните лидери во американската поддршка за нивната борба против џихадистите. Во последната недела авијацијата на САД нанесе неколку удари по позициите на исламистите во Ирак, по што се појавија претпоставки дека ваквите активности ќе бидат извршени и во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.