| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на момче од Сирија: Џихадистите не тераа да гледаме како распнуваат луѓе и ги каменуваат до смрт!

Мухамед чие име е променето од безбедносни причини за американските медиуми раскажа дека имал само 13 години кога го одвеле во детскиот камп на исламистичката група ИСИЛ на северот на Сирија. Под надзор на постарите го учел Куранот и како да ракува со оружје, а за да ги примораат да гледаат убивање на мажи и каменување на жени до смрт, на децата со јаже им ги врзувале главите.

Децата се заколнале на верност на водачот на групата ИСИЛ Абу Бакр ал-Багли, а Мухамед видел и многу помали деца од него како ги водат во кампот. Тој успеал да помогне благодарение на неговиот татко, а потоа со семејството отпатувал во Турција.
-Кога ќе одевме во џамија, ќе ни наредеа да дојдеме следниот ден во некое време за да гледаме како убиваат мажи и каменуваат жени до смерт, раскажал Мухамед за Си-Ен-Ен.
-За еден човек рекоа дека не постел за Рамазан и со распнаа. Една жена извршила прељуба, така ни рекоа, па ја каменуваа, вели Мухамед.

Неговиот татко кој не сака да биде именуван, рече дека од групата ИСИЛ му било соопштено дека доколку не го доведе синот во кампот, секако ќе го најдат и ќе му ја откинат главата. Тој додава и дека се обидел да го посети неколку пати, но стражарите секогаш го враќале.
Исламистичките групи регрутираат се повеќе деца во Сирија, а повеќето од нив ги обучуваат за бомбаши самоубијци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top