Руските вооружени сили, со поддршка на нуклеарниот арсенал,подготвени се да се спротивстават на секоја агресија, рече претседателот на Русија Владимир Путин.
Путин напомна дека Русија е далеку од некој поголем конфликт, но дека е подготвена во секој миг да одбие било каков вид на агресија.
-Нашите партнери би требало да сфатат дека е најдобро да не се задеваат со нас, рече Путин.
-Фала му на Бога, мислам дека никој не помислува да влезе во судир од поголеми размери со Русија. Сакам да ве потсетам дека Русија е една од водечките нуклеарни сили, нагласи рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.