| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишана Декларација за исчезнатите во поранешна Југославија

2908deklaracija2Претседателите на четири држави од регионот, Црна Гора, Хрватска, Србија и БиХ- Филип Вујановиќ Иво Јосиповиќ, Томислав Николиќ и Бакир Изетбеговиќ- потпишаа во Мостар, БиХ, Декларација со цел успешен процес во потрагата за лицата исчезнати во текот на минатата војна, но и поранешните воени конфликти на реонот на поранешната заедничка држава Југославија.

Декларацијата за улогата на државата во процесот за решавање на прашањата за исчезнатите лица во оружени конфликти и повреда на човековите права е потпишана на Регионалната конференција за исчезнати лица. Се смета дека таа ќе биде силен поттикнувач за пронаоѓање на исчезнатите, но и порака до светот дека тој проблем треба да се реши на одговорен и ефикасен начин. Декларацијата ја нагласува примарната одговорност на државните органи во работата на прашањата со исчезнатите и потребата да се обезбедат механизми и методи кои се користат, да се почитуваат човековите права и принципите на владеење на правото.

На конференцијата присуствуваа семејствата на исчезнатите, како и членови на региооналната координација на асоцијацијата на семејства од поранешната Југославија, потоа првиот човек на Меѓународната комисија за исчезнати Том Милер, претставници од ОБСЕ, ЕУ, ООН, како и од Регионалниот координативен одбор на семејствата на исчезнатите во Западен Балкан.

Утре се одбележува 30 август, Меѓународниот ден на исчезнатите, ден кога се посветува на правото на семејствата да ја дознаат судбината на оние кои се водат како исчезнати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top