Непознати сторители вчера со секира исекле седум дрвја од видот „каталпи“ во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“ на потегот од Шумарски факултет до Оштина Гази Баба. Дрвјата биле засадени во 2012 година.
Градот Скопје во денешното соопштение го осудува сечењето на дрвјата.
– Со овој вандалски чин е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град, се наведува во соопштнието.
Град Скопје го пријави сечењето на дрвјата во полиција, а МВР трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во време на мораториум до Влада се сечат дрва за да се креваат згради (галерија)(видео)
-
Град Скопје: Акцијата за сечење суви дрвја во Карпош следеше по барање на жителите
-
Ги фатиле со крадени дрва, па удриле по полицајците и им се заканувале дека ќе ги убијат
-
Помагало кое ќе посакате да го имате летово: Како се сече лубеница за две секунди


