| четврток, 6 декември 2018 |

1200 казни за несовесни возачи во Скопје

policija-2СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати сообраќајни контроли на подрачјето на Град Скопје при што беа санкционирани вкупно 1200 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Притоа, кај 89 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 85 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 46 возачи, а кај 50 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, 140 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, 130 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место.

Покрај ова изречени се 14 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 35 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 34 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 339 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување изречени се 16 прекршоци, по соум прекршоци изречени се за недавање на првенство на минување на пешаци и за непрописно престројување. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 20, за непрописно престигнување изречени се 9 прекршоци, кај три возила е утврдена техничка неисправност а со пајак службата подигнати се вкупно 473 возила.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top