| четврток, 6 декември 2018 |

Лекар истепал таксист заради опера

london-black-cab-628Пензиониран лекар од Лондон, голем вљубеник во операта, може да лежи во затвор  откако претепал таксист, стравувајќи дека ќе задоцни за Холанд Парк, каде се одржувала оперската претстава. Лекарот со бастум го удирал таксистот, а потоа и со тупаници во грбот. Откако го оставил патникот, таксистот раскрварен побарал лекарска помош од најблиската болница.

Лекарот во пензија Питер Вилијамсон се разбеснил кога оценил дека таксистот вози премногу бавно, за неговите мерила, како и дека вози по „подалечни улици“  па дека ако така продолжи ќе задоцни на операта. Прво почнал да му вика на таксистот, да го навредува, а кога почнал да го пцуе, возачот застанал и му рекол да го напушти таксито. Тогаш нервозниот љубител на Пучини, физички го нападнал таксистот и го оставил иако видел дека е повреден и дека му е потребна лекарска помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top