
Девојка што постојано му приговара
Жените што негативно зборуваат за другите и омаловажуваат се околу себе, дефинитивно ќе го одбијат секој маж. Добро, сите понекогаш имаме жолта минута и приговараме, но една работа е тоа да го правите од време на време, а сосема друга е ако тоа го правите 24 часа дневно! Мажите не разбираат зошто жените имаат потреба псотојано нешто да бараат и да приговараат, бидејќи се водат по едноставната логика – ако нешто ми пречи, самиот ќе го сменам тоа, а ако не можам, тогаш ќе се повлечам.
Опседната со диети
Ако секоја втора реченица ви е во стилот на броење калории, тоа многу брзо ќе го отргне од вас. А ако не дај Боже почнете и на него да му забранувате да пие пиво бидејќи го дебелее, експресно ќе избега од вас! И не го обвинуваме. Момците сакаат кога девојките се поопуштени и пред се кога уживаат во животот. Тоа не значи осум пати дневно да јадете ќебапи меѓу оброците, туку едноставно да ги попуштите кочниците и да им се препуштите на малите, умерени уживања…
Воркохолик
Убаво е што си ја сакате работата, но нема никаква потреба на другите, особено на момчето, да им ја полните главата со рокови, колегите, шефот или со деловните презентации, бидејќи ќе им биде јасно дека немате ниедна друга тема за разговор. Мажот можеби го интересира што мислите за него, што би сакале да правите кога не работите, вашето хоби, вашите ставови. Ако сакате да имате момче, време е да на размислувате само за работата, туку и да почнете да живеете.
Незадоволна од роднините
Рака на срце, ретки се оние што имаат совршени роднини и кои со никого не се скарале. Но тоа не е причина постојано да зборувате за нив и да ги навредувате. Ако немате убави зборови за своите роднини, прескокнете ја таа тема.
Девојки што вечно изигруваат мајки
Некои жени сметаат дека се знаат, па така и се однесуваат. Имаат чувство дека мораат да знаат се за проблемите на овој свет и, секако, на нив е да ги решат. А кој би знаел подобро од нив? Толку се опседнати со тоа постојано да го заморуваат момчето со безброј прашања и да му дадат мудар совет. Да се вратиме во реалниот свет: факт е дека ни едно момче не сака да излегува со својата мајка!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


