Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов вели дека општината интензивно работи на овозможување на камперскиот туризам затоа што поранешните камперски места се нефункционални и голем дел приватизирани.
-Денес не функционира вистински камп од причина што локациите на поранешните кампови или се приватизирани или испреплетени во имотно правни спорови. Како локална власт ги разгледавме можностите и веќе почнавме со подготовки на нови локации за камп населби кои ќе им бидат понудени на заинтересирани инвеститори – рече Стамов.
Мотив за локалната власт во Дојран ќе биде и градењето нови плажи бидејќи новоуредената градска плажа донесе голем број нови туристи на Дојранското Езеро.
Градоначалникот Стамов информира дека се изготвени проекти за уште пет плажи на различни локации кои ќе се уредуваат во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



