| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски камион со 300 кг марихуана фатен во Албанија

марихуанаАлбанските власти во пристаништето Драч фатија 300 килограми марихуана во камион со македонски регистрации и притоа е притворен возачот на камионот, Панде Муцов. Камионот со скопски таблички, превезувал конзерви за Италија. Во Албанија влегол преку граничниот премин Ќафасан, по што се упатил кон Драч. Засега нема информации дали дрогата била внесена од Македонија или дополнително била натоварена во камионот по влегувањето во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top