Првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Мишел Платини, изјави дека ќе им го препушти натпреварот за предводник на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на преостанатите колеги.
Платини на разговорите со 54 членки на УЕФА, истакна дека му е добро на чело на фудбалската куќа на Староит континент.
Французинот е меѓу фаворитите за прв човек на ФИФА, бидејќи потенцира дека на Светската федерација и е потребен квалитетен предводник.
Искусниот Швајцарец Сеп Блатер, кој е челник на ФИФА од 1998-та година е 78-годишен.
Гласањето на 290 членки на ФИФА ќе се одржи во Цирих, а заинтересираните се луѓе од фудбалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


