| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА размислува, Тачи не верува во Бојкот

тачиЦентралното претседателство на ДПА дискутира за најновите случувања во Скопје, но според лидерот на Партијата Мендух Тачи, ДПА нема да го напушти пармалентот, објави Дневник.

“Ќе разговараме и за напуштање на парламентот, но мислам дека тоа нема да се случи зошто секој од овие валкани играчи бара алиби, а ние нема да бидеме алиби на несериозното однесување на Владата и на некој лош извештај што може да ни дојде“ изјави Тачи пред почетокот на седницата на централното претседателство.

За сите немили настани кои вчера се случија тој ги обвини Владата и нивниот коалиционен партнер ДУИ.

“Вчера протестите ги организираше ДУИ со паролата “Талат не се плаши Чаир има барут да те брани“. Вака на криминален начин сакаат да си го подигнат рејтингот. ДУИ понекогаш прави сценарија со ВМРО, понекогаш со СДСМ, овој пат беше сценарио со СДСМ. Ќе апелираме до сите Албанци кои се разочарани да не ја пропуштиме довербата кон политичкиот процес. Да работиме сито ова разочарување на 24 март да се претопи во гласачката кутија“ – рече Мендух Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top